Барселона ја згази Севилја за едно полувреме на патот кон 30-от трофеј во Купот (ВИДЕО)

Барселона за само едно полувреме веќе ја осигура доминацијата во шпанскиот фудбал сезонава, па само 45 минути ги делат Каталонците од нов торфеј и освојување на „двојната круна“, затоа што водат со 3-0 против Севилја во вечерашното финале во кралскиот куп.

Барса е на само една победа во последните пет кола за да ја осигура шампионската титула, па вечерва Луис Суарез со два гола и еден на Лионел Меси успеаа уште по првото полувреме да направат огромна предност и сега само „светско чудо“ може да ги спречи од освојување на трофејот во Купот.

За Барселона ова ќе биде јубилејна 30-та круна во Купот.