ПСЖ е на потег: Барселона испратила примамлива понуда за Нејмар

Во последно време се шпекулира дека Барселона сака да го врати Нејмар во нивниот тим, а според каталонските медиуми денеска шпанската екипа испратила понуда до ПСЖ.

Каталонски „Спорт“ вчера објави дека Барселона и Нејмар се договориле за петгодишна соработка, а денеска Каталонците испратиле понуда до Париз од 100 милиони евра плус Филипе Кутињо, што е многу помалку од тоа што бараа парижаните, односно 300 милиони евра.

Понудата во секој случај е примамлива, па се очекува одговор од ПСЖ.