Барселона и Манчестер сити подготвуваат голема размена на фудбалери

Манчестер сити нема премногу среќа со засилувањата на бековските позиции, а истото може да се каже и за Барселона.

Двата клуа преговараат за размена на тројца фудбалери. Барселона го нуди Нелсон Семеде во Манчестер сити, а како замена сака да ги добие Жоао Кансело и Ерик Гарсија.

Со ваква трампа, двата клуба би ги размениле десните бекови, но во Каталонија би се вратил и стоперот Гарсија. Овој фудбалер потекнува од школата Ла Масија, но замина во Премиерлигата поради подобар договор.

Сега Барселона сака да го врати својот талент, откако Гарсија одигра неколку добри натпревари во првиот на Сити сезонава.