Барселона и без Меси го елиминираше Реал Сосиедад - на пенали (ВИДЕО)

Барселона се пласираше во финалето на шпанскиот Суперкуп, откако вечерва во Кордоба беше подобра од Реал Сосиедад по подобро изведување на пенали. 

Во регуларниот дел беше 1-1. Френки де Јонг ги доведе Каталонците во водство по асистенција на Антоан Гризман во 39-та минута. Во 51-та Микел Ојразабал израмни на 1-1 од пенал. Немаше голови до крајот на 90-те минута, а ниту во дополнителното време од 30 минути. Барселона вечерва играше без својот најдобар играл Лионел Меси. 

Баскијците се покажаа како лоши изведувачи на пенали, бидејќи во првите три серии ги утнаа трите удари од белата точка. Кај Барселона, не реализираше Френки деј Јонг во првата, но потоа погодија Дембеле и Пјаниќ. Во четвртата серија Микел Мерино го даде првиот пенал за Сосиедад, но потоа утна Антоан Гризман. Аднан Јанузај беше прецизен за Сосиедад, но решавачкиот пенал за Барса го погоди Рики Пуиџ.

Во финалето Барселона ќе игра со подобриот од второто полуфинале помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао.