Барселона го промовира Гордон - трансферот чини 80 милиони евра!

Шпанскиот шампион Барселона денеска промовира големо засилување за следната сезона, а тоа е Ентони Гордон кој доаѓа од Њукасл во трансфер вреден 80 милиони евра.

Гордон стави потпис на договор со Барселона до 2031 година и треба да биде големо засилување за гигантот.

Англичанецот минатата сезона настапи на 46 натпревари, при што постигна 17 голови и пет асистенции за Њукасл.

Фото: Facebook/Barcelona F.C.