Монца го загуби реваншот од Катанѕаро, но се пласира во Серија А
Катанѕаро постигна по еден гол во двете полувремиња, и тоа во 39. минута преку Фелипе Џек и Ругеро Фросинини во 77. минута, по што бараше и трет погодок, меѓутоа Монца успешно се одбрани до крајот на средбата.
Во плејофот во Серија Б не се играат продолженија и не се изведуваат пенали во случај да е нерешен резултатот, туку во повисок ранг оди тимот што претходно бил на подобра позиција на табелата. Монца ја заврши сезоната на третата позиција со 76 бодови, додека Катанѕаро заврши петти со 59 поени.
Фото: Facebook/AC Monza