Барселона договорила замена за Суарез и тоа од Ла Лига!?

Барселона се наоѓа во големи проблеми бидејќи им се повреди напаѓачот Луис Суарез, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

Уругваецот се повреди на мечот во Суперкупот против Атлетико Мадрид, но никој не очекуваше дека неговата рехабилитација ќе трае четири месеци, па поради тоа од клубот почнаа да бараат негова замена и очигледно ја пронајдоа.

„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона се договорила со Валенсија за трансфер на Родриго, кој денеска не се појави на тренинг на клубот и наводно тргнал кон Каталонија за да има медицински прегледи и да потпише договор со новиот тим.

Овој 28-годишен напаѓач сезонава одигра 23 меча и постигна четири голови, како и десет асистенции.