Барнли и Шефилд ги поделија бодовите, дефанзивците се покажаа како одлични голгетери (ВИДЕО)

Екипите на Барнли и Шефилд ги поделија бодовите, откако денеска одиграа 1-1, во рамки на 33. коло во Премиер лигата.

Барнли поведе во 43. минута преку дефанзивецот Тарковски, кој одлично се снајде во петерецот на гостите и ја смести топката во мрежата на Шефилд.

Во вториот дел гостите израмнија со голот на Иган во 80. минута откако одлично ја дочека топката на волеј и ја затресе мрежата на Барнли.

Со овој бод и двете екипи остануваат во борба за едно од местата во Лигата на Европа за наредната сезона, иако за тоа имаар реално тешка задача бидејќи пред нив се тимови како Арсенал и Манчестер јунајтед.