Барела и официјално претставен во италијанскиот гигант

Италијанскиот фудбалер Николо Барела (22) и официјално е нов играч на Интер, откако „нераѕурите“ одвоија 50 милиони евра за играчот на на Каљари.

Фудбалерот од средниот ред денеска ги помина медицинските прегледи и потпиша петгодишен договор вреден 2.5 милиони евра по сезона.

Вкупниот износ за Барела чини 50 милиони евра, но тие ќе бидат расцепкани преку договор за позајмица со обврска за купување и различни бонуси. Позајмицата ќе ги чини 12 милиони евра, со 25 милиони евра за купување.

 

 

И покрај тоа што е млад, тој има 100 настапи во Серија А и седум во италијанската репрезентација, за која постигна и два гола.