Барди погоди во триумфот на Трабзонспор против Хатајспор (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол во победата на Трабзонспор против Хатајспор (2-0) во 25. коло од турскиот шампионат.

Трабзонспор конечно ја прекина серијата од четири порази во Суперлигата, а првиот гол против Хатајспор беше дело на Трезеге во 49. минута, додека вториот го постигна Барди во 77. минута.

Екипата на Барди се наоѓа на третата позиција со 40 бодови, па до крајот на сезоната ги чека тешка битка за пласман на позициите кои водат во европските купови.

Барди досега постигна три гола и четири асистенции за Трабзонспор во турското првенство.