Барди: Не се предаваме, ќе се бориме за да ја оствариме целта – опстанок!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди после повеќе од два месеци без победа на Леванте и жестока битка за опстанокот до крајот на сезоната во Ла Лига, посочи дека тимот е обединет и дека ќе направи сè за да се оствари целта – опстанок во шпанската елита.

Барди вчера играше цел меч за Леванте, кој двајапти беше во негатива, но успеа да се избори за бод против Еспањол, иако тој многу не им помогна за да здивнат во таа пеколна трка за опстанокот во која шест тима се борат да ги избегнат местата кои водат во Сегунда.

„Знаевме дека ќе биде тежок меч, но тимот покажа дека е обединет, жив и дека не се предава. Сите работиме напорно, бодот е еден чекор поблиску кон остварување на целта. После црвениот картон, ние продолживме да се бориме и покажавме живост. Сите во леванте сме едно големо семејство, сè оставаме настрана и единствената цел која мора да ја оствариме е да останеме во Ла Лига. Имаме поддршка од навивачите и мора да им се заблагодариме што се секојпат позади нас“, вели Барди.

Леванте со 34 бода е прв над цртата за опстанокот, со два бода повеќе од Вилјареал, а ист број на бодови со Жирона, еден зад Селта, а два зад Вилјареал во таа жестока битка за оптснокот. Во следното коло веќе в среда, Леванте е домаќин на Бетис, кој има амбиција да се избори за место во Европа.