Балотели направи хаос: Цела клупа на Бешикташ сакаше да го тепа (ВИДЕО)

Во дуелот од шестото коло во турската Суперлига, Бешикташ и Адана Бемирспор одиграа 3-3 во спектакуларен натпревар, а шоуто го украде Марио Балотели кој направи хаос на крајот на мечот.

Балотели доби жолт картон затоа што ги провоцираше навивачите, а во завршницата испровоцира некој од ривалите, па цела клупа на Бешикташ тргна да го тепа, но за среќа беше спречен поголем инцидент.

Хаосот покрај аут-линијата може да го погледнете на 3.11 од видеото.