Бајрами: Изненаден сум од мојата смена кога Шкупи е при врвот!

Муарем Бајрами по седум одиграни кола во македонското фудбалско првенство денеска заработи отказ од Шкупи иако неговиот тим моментално се наоѓа на второто место на табелата. 

Чаирчани вчера загубија од Струга, а тоа се покажа како последен меч на клупата за поранешниот фудбалер на тимот. Самиот Бајрами изјави дека е изненаден од одлуката да добие отказ.

„Од денеска повеќе не сум тренер на Шкупи. Сакам да му се заблагодарам на клубот за дадената доверба и особено на навивачката група 'Шверцери', како и на сите фудбалери и вработените во клубот. Бев изненаден од одлуката на претседателот на клубот да ми врачи отказ. Не помислив дека со овие резултати ќе бидат отпуштен, бидејќи сме само на една позиција до првото место на табелата. Ја примив веста за отказот со голема тага. На клубот му посакувам многу успех во иднина“, изјави Бајрами.

Поранешниот капитен на чаирчани, летово ја заврши фудбалската кариера и веднаш седна на клупата. По седум одиграни кола Шкупи има 13 бодови, четири помалку од лидерот Шкендија, но ист ефект со Македонија Ѓорче Петров, која е трета.