Баерн против тимот на Елмас ќе ја почне одбраната на титулата во Бундеслигата!

Познато е со кој меч ќе почне 63. сезона во Бундеслигата, тоа е дуелот меѓу Баерн Минхен и Лајпциг.

Новата сезона во најдобрата германска лига ќе почне на 22 август, петок од 20:30 часот на Алијанц Арена, Баерн Минхен ќе го пречека Лајпциг.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се уште е член на Лајпциг, уште е нејасно дали ќе продолжи да игра за германскиот клуб или ќе биде позајмен или продаден.

Комплетниот распоред за новата сезона во Бундеслигата ќе излезе утре, петок.

Фото: Bundesliga.com