Баерн Минхен би можел да го откупи Кансело - но само по еден услов!

Жоао Кансело е фудбалер на Манчестер Сити кој последната полусезона ја одигра на позајмица во Баерн Минхен, Португалецот нема да заигра повторно за англискиот клуб, па се бара решение за неговата иднина.

Во договорот меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен имаше клаузула дека баварците ќе можат да го откупат за 70 милиони евра.

Но, тоа е превисока сума за Баерн, последните информации велат дека тие би го купиле само во случај ако Манчестер Сити ја намали цената. Се верува дека сумата која би ја платил германскиот клуб е меѓу 30 и 40 милиони евра.

Логично е Манчестер Сити да побара купувач кој ќе даде повеќе, но доколку нема таков, реално е да ги прифатат барањата на Баерн и да го продадат фудбалерот за помалку отколку што планирале.