Бабунски пред трансфер во полскиот шампион Пјаст

Поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски се наоѓа пред трансфер во полскиот шампион Пјаст Гливице, објави полски „Призеглад Спортови“, потенцирајќи дека македонскиот фудбалер за врска е сериозен кандидат да го засили овој тим.

Бабунски беше дел од „златната младинска генерација“ на Македонија, која играше на Евро 2017 во Полска, а откако ги мина сите категории во Барселона и стигна до Б-тимот направи трансфер во Црвена Звезда, но по само една сезона потоа се пресели во Јапонија, прво во Јокохама Маринос, а потоа во Омија Ардиџа. Бабунски сега е слободен играч откако му заврши договорот со Омија, па може да си бара без отштета нов клуб.

Изборот да се купи Бабунски од страна на Пјаст доаѓа откако нивната прва опција за зимско засилување Патрик Липски е се подалеку од таков трансфер, од причина што Лехија Гдањск не сака да се откаже од него.