Азар би можел да го пропушти „Ел Класико“: И натаму е со патерици
Се чини дека повредата на скочниот зглоб е малку посериозна, бидејќи Белгиецот и натаму се движи со патерици. Азар има доста слаб почеток на кариерата во Мадрид, а тоа најмногу се должи на честите повреди. Прво имаше сериозна повреда на бутниот мускул, а сега и на скочниот зглоб.
Реал Мадрид игра со Барселона на гостински терен на 18 декември, а шпанските медиуми не веруваат дека крилниот напаѓач ќе биде подготвен за игра. Можеби ќе се рехабилитира, но најверојатно нема физички да може да издржи едно дерби како што е „Ел Класико“.
Сигурно дека евентуалното неиграње на Азар на „Камп Ноу“ ќе биде голем проблем за тренерот Зинедин Зидан