Атлетико Мадрид го одраа со 40.000 евра казна за - блокирани скали!

Атлетико Мадрид беше казнет со 40.000 евра од страна на Комисијата за борба против насилство, поради случувањата на градското дерби одиграно во септември.

Шпанските медиуми објавија дека Атлетико казната ја доби поради тоа што клубот не ги спречил навивачите да стојат на скали за евакуација во текот на дербито со Реал Мадрид.

Комисијата смета дека стоењето на тоа место е потенцијално опасно, зашто се загрозува евакуацијата на стадионот во итен случај.

Од комисијата соопштија дека Атлетико повеќе пати бил предупредуван, но ова не е првпат да се разгледа опцијата за санкција.

И Осасуна беше казнета со 20.000 евра поради сличен случај во текот на дуелот против Бетис во септември.

Ниту второлигашите не поминаа полесно, зашто Кадиз беше казнет со 10.000 евра поради тоа што неговите навивачи имаа недозволен транспарент.