Атлетик испадна, Шпанија ќе има нов освојувач на Купот
Баскискиот тим со тоа ја продолжи серијата лоши резултати од почетокот на новата година откако минатата недела загуби и од Барселона во полуфиналето на Суперкупот. На денешниот натпревар успеа да стигне негатива од два гола, но на крајот сепак загуби пред своите навивачи што ретко се случува кога не игра против Реал или Барселона.
Особено беа драматични последните осум минути од првото полувреме во кое беа постигнати три гола. Осасуна поведе со 2-0 преку Ороз и Будимир, а Нико Вилијамс намали во судиското продолжение. Де Маркос во 55. минута го израмни резултатот, но Будимир се погрижи за ново водство на Осасуна кое се покажа клучно за конечниот исход.
Пласман во четвртфиналето од Копа дел Реј обезбеди и Сосиедад кој вечерва го совлада Рајо Ваљекано со 3-1.