Словенија ја прегази Куба, Италија покажа моќ и против Алжир!
Завршија четири натпревари од терминот од 18 часот, Словенија во Загреб потсети дека има голема разлика во класи на Светското првенство меѓу некои репрезентации. Тие ја торпедираа Куба со 22 голови разлика, 41-19.
Влах со седум голови беше најефикасен во составот на Словенија, Кљун постигна шест, кај Куба најдобар беше Ривера со четири погодоци.
Италија која после долго време се врати на Светските првенств е најпријатното изненадување досега. Италијанците не само што победуваат тоа го прават во доминантна игра.
Откако го совладаа Тунис со седум голови разлика, денеска го победија Алжир уште поубедливо, со 32-23.
Франција му одржа лекција на Кувајт со 43-19, а Шпанија беше подобра од Чиле со 31-22.