Работнички остро реагира: До кога Антиќ мисли да ја силува македонската кошарка?
На последното собрание на Федерацијата, одржано на 18 декември 2024 година, со 36 гласа против и само 7 за, му беше изгласана недоверба на актуелниот претседател. И покрај ова, Антиќ продолжува да носи одлуки кои ја компромитираат регуларноста на сезоната.
„Згрозени сме од последниот скандал поврзан со инспекцијата во малата сала ‘Кале’, која е наш дом и каде што настапуваме. Одеднаш, сред сезона, се тврди дека теренот не ги исполнува ФИБА стандардите, иако таму се одиграни 13 кола без никакви забелешки. Дали ова значи дека целото првенство е нерегуларно?“, прашуваат од Работнички.
Оваа одлука доаѓа како дел од континуираните обиди за манипулација со правилата и за попречување на нормалното функционирање на кошаркарските клубови. Во соопштението се потсетува дека уште во март 2023 година Антиќ беше реизбран на функцијата претседател во процес кој беше обележан со бројни нерегуларности, а записникот од тоа собрание беше сокриен од јавноста.
„Го повикуваме Министерството за спорт да ја испита оваа ситуација и да спречи вакви самоволни постапки кои ја уништуваат македонската кошарка. Нема да дозволиме македонската кошарка да биде заложник на нелегитимни одлуки“, дополнуваат од Работнички.
Целото соопштение може да го прочитате ТУКА.