Атлетик Билбао го збриша Кадиз за прва победа во новата 2023 година (ВИДЕО)

Атлетик Билбао го збриша Кадиз и победи со 4-1 за да излезе од кризата во изминативе нешто повеќе од еден месец, па првпат триумфираше во новата 2023 година, благодарение на хетп-трикот на Оихан Санцет.

Билбао беше во серија од пет меча без триумф, со три порази во низа, па вечерва баскиската гордост ја искористи секоја шанса за да дојде до прв триумф уште од 8 ноември лани и со тоа да дојде до 29 бода, два од зоната за Европа, а пет од местото за ЛШ и Атлетико Мадрид, но во двата случаи со меч повеќе после почетокот на ова 21 коло во Ла Лига.

Санцет по 10 минути даде прв гол за водство на Билбао, по што следуваше израмнување преку Ескаланте во 25-та, но јунакот на Билбао даде втор гол во 35-та, па Јерај Алварез во 44-та практично ја обезбеди победата на Атлетик.

За печат на триумфот се погрижи јунакот Санцет со третиот гол во 75-та минута од мечот.

За Кадиз ова беше деветти сезонски пораз и остана на 19 бода, прв во опасната зона за испаѓање.