Атлетик Билбао го преживеа Реал Мадрид, а сега и Севилја (ВИДЕО)

Севилја и Атлетик Билбао одиграа 1-1 во рамки на 19.коло во Ла Лига. 

За Баскијците ова беше трето реми по ред и веќе четврти натпревар се без победа, но на последните две тешки гостувања се враќаат со реми. Откако се изборија за 0-0 со Реал Мадрид, денеска беа одлични и на „Рамон Санчез Писхуан“.

Гостите први поведоа во 15-тата минута преку Андер Капа. Севилја имаше шанси и иницијатива, но напаѓачите предводени од Лук де Јонг беа индиспонирани, па мрежата на Билбао ја затресе нивни играч. Унаи Нунез си постигна автогол во 60-тата минута и ги постави конечните 1-1.

Севилја останува на третата позиција со 35 бода, додека Билбао е седми со 29 бодови.