Атанасов дебитира за Краковија со – асистенција (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов вечерва дебитира за полска Краковија со која потпиша три ипол годишен договор по трансферот од Хајдук Сплит за 300 илјади евра, па за 17 минути ја запиша првата асистенција.

По корнерот на Атанасов на првата статива, Гита со глава погоди за водство на Краковија против Горник Забрзе, а асистенцијата е најава за одлични настапи на македонскиот фудбалер за врска, кој дојде како големо засилување во клубот.