Аталанта продолжува да гази се пред себе, Рома со пресврт до нов триумф (ВИДЕО)

Екипата на Аталанта игра одлично по паузата која настана поради пандемијата со коронавирус, а тоа го потврди и вечерва со триумфот над Сампдорија со 2-0, во рамки на 31. коло во Серија А.

Тимот од Бергамо долго време се мачеше да дојде до посакуваниот гол, а тоа се случи во 75. минута, кога поведе преку Толои. Десет минути подоцна точка на натпреварот стави Муриел.

Со оваа победа Аталанта се искачи место погоре и сега е трета во Серија А, со два бода повеќе во однос на Интер (и меч повеќе). Сега му „дише во врат“ и на Лацио, кој е втор со два бода повеќе.

Победа со пресврт запиша Рома, која на домашен терен беше подобра од Парма.

Исто и Торино дојде до важни бодови во борбата за опстанок и сега има седум бода повеќе од Џенова на Пандев, која е 18-та и е во опасната зона.