Арсенал лесно се справи со Сандерленд, Палмер херој на Челси (ВИДЕО)
Лидерот во Премиер лигата немаше поголеми проблеми и на свој терен лесно и рутински дојде до три бода. Резултатот беше отворен во финишот од првиот дел кога Зубиаменди на асистенција од Тросар стрелаше за 1-0.
Слична беше сликата и во вториот дел, a победата беше потврдена со двата гола на Ѓокереш.
Три бода денеска запиша и Челси кој работата против последнопласираниот Вулвс ја заврши уште во првото полувреме. Веќе до 38-та минута благодарение на Кол Палмер кој блесна со хет-трик „сините“ имаа 3-0. Во вториот дел домаќините само постигнаа утешен гол преку Ародаре.
На останатите средби Астон вила ремизираше со Бормут 1-1, Евертон го доби Фулам со 2-1, а Вест хем со 2-0 славеше над Барнли.