Новиот олимписки шампион има бизарна мана - никој не сака да спие со него во соба!

Швајцарецот Фрањо вон Алмен денеска стана нов олимписки шампион во спуст, освојувајќи златен медал на легендарната патека Стелвио во Бормио, а веднаш по неговиот голем успех беа откриени и детали од неговиот приватен живот.

Со тоа беше откриено и дека тој има бизарен проблем поради кој никој не сака да спие во иста соба со него. Имено, Алмен и самиот призна дека силно рчи.

„Бидејќи навистина гласно рчам никој не сака да дели соба со мене, па секогаш добивам еднокреветна“, призна олимпискиот шампион по денешниот триумф.

И надвор од снежните патеки, Алмен не знае за мирно темпо. Летните месеци ги користи за опуштање со мотокрос, заедно со пријател од училишните денови. Нивните авантури ги носат низ Швајцарија, Франција и Германија, од една патека до друга.