Борусија го доби и Волфсбург - врза пет победи во низа (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја продолжи победничката низа и денеска славеше над Волфсбург со 2-1.

За „милионерите“ ова беше петти триумф во низа во најсилната германска конкуренција, а беше најавена со голот на Риерсон во првото полувреме. Во вториот дел, Волфсбург успеа да израмни преку Кулиеракис на 1-1, но тоа не беше доволно за бод. Триумфот за фаворитот го обезбеди Гираси со гол на три минути пред крајот.

Три важни бода денеска освои и Сент Паули кој со 2-1 беше подобар од Штутгарт. Стрелци беа Салиакис и Синани за домаќините, додека Левелинг го постигна единствениот гол за гостинскиот состав.

Од долниот дел на табелата избега и Мајнц кој со 2-0 го доби Аугусбург. Домашниот состав славеше со два гола постигнати од пенал.

На останатите средби, ХСВ со 2-0 се радуваше против Хајденхајм, а Фрајбург запиша победа од 1-0 над Вердер.