Англичаните притискаат: Лидс итно да му даде нов договор на Алиоски!

Македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски е единствениот играч моментно во англиски Лидс на кого на крајот на сезонава му истекува договорот, а после историскиот пласман на Европското првенство догодина, повторно се засили притисокот на Островото, брзо да се реши ситуацијата со популарниот Џани.

Веќе еден месец, низа легенди од Англија, посочуваат дека Лидс мора да ја продолжи соработката, а и навивачите го очекуваат тоа од раководството на клубот и менаџерот Марсело Биелса, но засега официјална потврда за нов договор нема.

„За Алиоски ова беше посебен репрезентативен момент, избори пласман на ЕП со Македонија, која првпат ќе игра на големите натпреварувања и веројатно ќе биде еден од главните фудбалери на оваа селекција на континенталниот шампионат. Затоа Лидс мора итно да го врзе Алиоски со нов договор“, пишува еден англиски портал.

Посочуваат дека има неколку точки поради кои Алиоски мора да добиде нов договор, зашто самиот настап на ЕП секако ќе му ја крене цената, па порталот додава неколку причини зошто Лидс мора брзо да реагира со новата соработка.

Прво, Алиоски е разноврсен фудбалер кој вреди најмалку да се задржи уште една сезона, без оглед дали е или не е редовен стартер, зашто е способен да одигра на било која позиција во нападот, дали лево, дали десно, а плус во последно време играше и на својата оригинална позиција – лев бек.

Второ, македонскиот ас е еден од најпопуларните членови во тимот, сите го обожуваат од соиграчите до навивачите, а самото продолжување на договорот ќе се покаже како популарна опција.

Трето, ако Лидс не му го продолжи договорот, ризикува многу 'очи' да го гледаат на ЕП, а сите тие да бидат изненадени дека е достапен бесплатно, што значи Лидс не би заработил ништо од фудбалер кој ќе игра на Европско првенство

Четврто, бидејќи Алиоски ќе биде на ЕП, а таму ќе го гледаат сите, Лидс треба да му даде долгорочен договор дури и по цена да сака да го продаде, зашто во таков случај, ќе има сериозна шанса добро да заработи од него, па за адекватна прифатлива сума на пари би можеле да го продадат.

„Има две опции, или ќе го врзете да биде дел од клубот на нов (по)долг рок или наравете чекор со нов договор дури и по цена да го продавате, ако не е повеќе во плановите. Ама, како и да е, Лидс мора да му даде нов договор на Алиоски што е можно побрзо“, додава порталот.