Англичаните открија што си кажале Стерлинг и Гомез пред инцидентот

Атмосферата во англиската репрезентација беше неочекувано нарушена веднаш по првиот тренинг на собирот, откако инцидент предизвикаа Џо Гомез и Рахим Стерлинг.

Англиски „Дејли Мирор“ ангажираше професионален читач од усни за да откри што си кажале фудбалерите во текот на инцидентот.

„Немој да се зае*аваш со мене Џо. Немој!“, кажал Стерлинг, по што Гомез му кажал да дојде.

Стерлинг по инцидентот се извини поради својата постапка, но селекторот Герет Саутгејт го избрка од екипата.