Крајот е блиску: Новата управа на Милан не закажала преговори со Модриќ

Милан разочара на крајот на сезоната, по што следеа големи турбуленции во гигантот и беше отпуштен тренерот Масимилијано Алегри, но беа направени уште неколку драстични промени во раководството на гигантот.

Новата управа планира реконструкција на тимот, кој остана без место во Лигата на шампиони (ЛШ), а еден од играчите кои би можеле да заминат е Лука Модриќ.

Ветеранот има договор со „росонерите“ до 31 јуни, а засега новата управа на „росонерите“ не закажува преговори со Модриќ за продолжување на соработката.

Фото: Facebook/AC Milan