Вардар доминира во младинските категории - Куп трофеј и за кадетите!

Уште еден трофеј во витрините на младинската школа на Вардар, кадетите го освоија Купот на Македонија откако во финалето го совладаа Пелистер на пенали.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 3-3. Вардарци двапати се враќаа од негатива, а во самиот финиш се изборија за реми по кое следуваа пенали.

Во пенал серијата вардарци беа поуспешни и дојдоа до пехарот од Купот на Македонија.

Ова беше само континуитет на она што започна вчера кога Куп трофеи освоија и пионерите и помладите пионери на Вардар.