Андонова: Минатата година беше ужасна, сега сакам да покажам сѐ!

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова на најубав начин ја почна новата сезона во Леванте, откако на два меча даде два гола за три дена во женската Ла Лига, за да потврди дека лошата ланска сезона е минато, а ја одбележаа зачестените повреди.

Андонова повторно се враќа во препознатлив ритам, па на теренот е една од најдобрите фудбалери на женскиот тим на Леванте, откако минатата сезона настапи само на осум меча и потоа најголемиот дел го помина во рехабилитации од повредите.

„Одлично се чувствувам и сега сакам сето тоа што го можам да го покажам на теренот. Сакам да продолжам да давам сѐ повеќе и повеќе на теренот, на секој меч и да му помогнам на тимот. Ланската сезона беше ужасна, имав лоши периоди и сега сакам да го покажам тоа што го пропуштив“, вели Андонова.

Македонската фудбалерка му честита на својот колега од Леванте, Енис Барди за пласманот со Македонија на ЕП, со желба и сон и таа да дочека таква радост со женската репрезентација на Макеоднија.

„Сакам да му честитам на мојот сонародник Енис Барди за пласманот со Македонија на ЕП. Нѐ направивте сите горди и радосни и би сакала да направам нешто слично како машката селекција во иднина“, додава Андонова.