Аматеризам во Неапол: Соблекувалната на Елиф Елмас на два дена пред мечот со Сампдорија! (ВИДЕО)

Наполи првите два натпревари од сезоната, со Фиорентина и Јувентус, екипата на Наполи ги играше на гостински терен, најмногу поради фактот што стадионот „Сан Паоло“ се реконструира. 

Иако трибините беа средени на време, соблекувалните на стадионот и натаму не се готови. Тренерот на „наполитанците“, Карло Анчелоти е бесен на градските власти, во чија сопственост е „Сан Паоло“.

Бавното изведување на работите во подтрибинскиот простор го фрустрира Анчелоти, бидејќи викендов тука треба да гостува Сампдорија во Серија А, а потоа и Ливерпул неколку дена подоцна во Лигата на шампионите.

Иако градските власти уверуваат дека работите ќе бидат завршени до мечот со Сампдорија, Наполи, чиј член е и македонскиот бисер Елиф Елмас, денеска објави видео од соблекувалните кои се далеку од подготвени.