Алонсо ќе добие улица со своето име во Леверкузен

Баер Леверкузен за првпат во својата клупска историја ја освои Бундеслигата, а еден од најзаслужните за успехот е тренерот Чаби Алонсо.

Германскиот медиум „Шпигел“ објави дека наскоро Алонсо би можел да добие улица со своето име во Леверкузен.

Членовите на градското собрание објавија дека сакаат да го наградат тренерот, а улицата со неговото име ќе се наоѓа во близина на стадионот „Бај Арена“.