Алиоски до Нова година потпишува нов четиригодишен договор со Лидс за милионска плата!

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски до Нова година ќе го потпише новиот договор со англиски Лидс, откако овој премиерлигаш веќе почнал преговори за новата соработка со левиот бек, објавија англиски медиуми.

Според најавите, Лидс на Алиоски му понудил нова четиригодишна соработка со неделна плата од 30.000 фунти, што значи милионски приход на годишно ниво, од околу 1,5 милиону фунти. Лидс сака да го врзе Алиоски на долг рок, зашто актуелниот договор на македонскиот ас му истекува на лето, па на „Иланд роуд“ им се брза до Нова година да завршат сѐ, за да не се доведат во ситуација евентуално Алиоски во јануари да потпише пред-договор со друг клуб и летоска да си замине бесплатно.

Одлуката за продолжување на договорот е сосема очекувана зашто Алиоски од доаѓањето во Лидс во летото 2017 година веќе одигра над 100 меча за овој клуб, летово после деценија ипол се вратија во Премиерлигата и левиот бек е доста важен играч за тимот, но и за атмосферата во соблекувалната.

Медиумите најавуваат дека многу брзо се очекува Алиоски и Лидс да ја официјализираат соработката.