Алегри во Премиерлигата?

Сега веќе поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри има неколку интересни понуди. Тој вечерва за последен пат ќе седи на клупата на Јувентус, на натпреварот против Аталанта.

Според последните информации тој има неколку понуди од Премиерлигата. За него најзаинтересирани се гигантите од Островот, Манчестер јунајтед, Челси и Тотнем. Овие тимови би биле голем предизвик за поранешниот тренер на Милан и Каљари, а дали ќе се пресели во Англија останува да видиме.