Алегри откри кога ќе пристигне Модриќ во Милан

Масимилијано Алегри се врати на кормилото на Милан и потврди дека Лука Модриќ ќе биде ново засилување на поранешниот италијански шампион.

Алегри на првата прес-конференција кажа дека очекуваат Модриќ да им се приклучи на новите соиграчи во август.

Модриќ ќе биде второ засилување за „росонерите“, кои претходно го договорија и Самуел Ричи од Торино за 23 милиони евра.

Милан минатата сезона разочара во Серија А и заврши на осмата позиција, а Алегри ќе има задача да го врати на врвот.

Фото: Facebook/AC Milan