Алаба промовиран во Мадрид - ќе го носи бројот на Рамос (ВИДЕО)

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба од денеска и официјално е нов член на Реал Мадрид, откако ги мина медицинските прегледи и потпиша договор со шпанскиот гигант.

Алаба во Мадрид ќе остане во следните пет години и ќе има годишна плата од 12 милиони евра, а клубот го претстави преку официјалните страни и треба да се спомене дека Австриецот ќе го носи дресот со број четири, кој претходно го носеше Серхио Рамос.