Ајнтрахт победи и дојде на само бод од лидерот Баерн (ВИДЕО)

Фудбалерите на Холштајн Кил запишаа уште еден неуспех во Бундеслигата откако денеска Ајнтрахт ги победи со 2-4.

Холштајн го пречека Ајнтрахт кој ја оправда фаворитската улога и дојде на само еден бод лидерот на Баерн Минхен на табелата. Египќанецот Омар Мамуш во 25. минута ја отвори серијата на голови, а само пет минути подоцна домаќините изедначија со голот од пенал на Јапонецот Машино.

Се играше 47. минута кога Хрватот Матановиќ го врати водството на Ајнтрахт. Машино со својот втор гол изедначи на 2:2, но во продолжение Мармуш погоди уште еднаш, а гол постигна и Тута за конечни 2-4.