Агентот на Сала направи скандал во Велс, па сега ќе заврши во затвор!?

Трансферот на Емилијано Сала ќе остане запаметен засекогаш и тоа затоа што фудбалерот никогаш не пристигна во Кардиф, туку почина на пат од Нант кон Велс, откако неговиот авион се урна.

Адвокатите на двата клуба, Нант и Кардиф стигнаа до фаза во која ја префрлаат вината за смртта на фудбалерот, а агентот на Сала, Вили МекКеј додаде „масло на огнот“ со своето однесување пред тренинг-центарот на клубот од Велс.

Шкотот според англиските медиуми влегол во просториите на Кардиф и почнал да се заканува дека сите ќе ги претепа поради трагичната смрт на својот клиент. Веднаш интервенирала полицијата од Велс, а агентот добил пријава за кршење на јавниот ред и мир, како и закани.

МекКеј не бил уапсен, но должен е да се појави пред судот, кога ќе почне постапката, а ако биде прогласен за виновен, тогаш би можел да добие двегодишна затворска казна.