
Афера во Франција: Репрезентативец платил 1,6 милиони на жена за да молчи дека ја – силувал!
Весникот „Л'Екип“ на денешната насловната страница со големи букви пишува: „Заговор, манипулација, прикриен трансфер на пари: Висам Бен Једер во центарот на неверојатна афера“, со оглед што неговите новинари откриле дека повремениот француски репрезентативец плаќал пари по тајни канали на жената која го обвинила за силување, а во целата приказна е вклучен клубот, а можеби и некои државни службеници.
Бен Једер и неговиот брат пред една година беа обвинети за силување, обид за силување и сексуален напад од две жени на возраст од 19 и 20 години, пкои однеле тужба за наводно кривично дело што се случило во хотел на Азурниот брег. Тогаш му била одредена кауција од 900.000 евра која ја платил, но во меѓувреме немаше многу вести за случајот. „Л'Екип“ ја следел аферата од самиот почеток, а сега ексклузивно пренесува дека Бен Једер ѝ платил 1,6 милиони евра на девојката која го тужела за да се откаже од судењето.
Овој договор бил направен тајно од адвокати, меѓу кои бил и официјалниот адвокат на принцот Алберт, поради што во француската јавност се шпекулира дека и државниот врв имал сознанија за овој случај. Бен Једер префрлал пари преку фиктивни трансакции преку Жером де Бонтин, поранешен шеф на банка во Монако. Парите ги уплаќал на сметката на девојката во странство, а во описот на работата навел дека продава таканаречени „имиџ права“, ставка која се однесува на продажба на маркетиншкиот потенцијал на фудбалерот.
Репрезентативецот поради ова може да се соочи со долга затворска казна за повеќекратно прекршување на кривичниот законик.