Абрамович руши трансфер-рекорд: Челси ќе плати 150 милиони евра за дефанзивец?

Актуелниот европски шампион Челси игра одлично во новата сезона во која сака да ги освои сите трофеи, како што најави тренерот Томас Тухел, а во создавање на нови успеси сака да му помогне и газдата Роман Абрамович, кој планира да го купи Матијас де Лихт од Јувентус.

Англиските медиуми пишуваат пишуваат дека „сините“ следното лето сакаат да го купат Де Лихт, кој има договор со Јувентус до 2024 година.

Меѓутоа, Де Лихт во договорот има клаузула според која би можел од следната година да ја напушти „Старата дама“ за 150 милиони евра.

Потенцијалниот трансфер на Холанѓанецот зависи од тоа дали Антонио Рудигер ќе остане во екипата или ќе си замине со оглед на тоа дека неговиот потпис го посакуваат Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен.

Челси по пет одиграни кола во Премиерлигата има 13 бодови, колку што освоија и Ливерпул и Манчестер јунајтед.