Воска Спорт по победата над Борец, денеска совлада уште еден прволигаш

Новиот второлигаш Воска Спорт игра одлично во подготвителниот период, бидејќи веќе победи два прволигаши. Минатиот викенд го совлада Борец во Велес со 1-0, а денеска славеше и на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со истиот резултат. 

Голот беше постигнат во 43.минута преку Бехар Фета по една одбиена топка од голманот на „лавовите“.

Работнички славеше против Каменица Саса со 3-1. Сите четири голови беа дело на „романтичарите“, бидејќи Максимов си постигна автогол, а во мрежата на тимот од Македонска каменица погодија браќата Лука и Марио Станковски, како и Тодоровски.

 Беласица и Борец одиграа 1-1 на контролниот натпревар одигран на стадионот „Младост“ во Струмица.