Вардар се засили со 25-годишен дефанзивец од Хрватска!

Екипата на Вардар ангажира дополнително засилување во пресрет на пролетниот дел од фудбалското првенство и тоа хрватскиот интернационалец, Михаел Бришки (25 години).

Тој игра на позициите дефанизивен играч за врска и централен дефанизивец, а потекнува од академијата на Динамо Загреб, каде што настапувал во младинската Лига на шампиони. Во сениорската кариера настапувал за екипите на Табор Сежана (Словенија), Сесвете (Хрватска), а во црвено-црниот табор доаѓа од екипата на Санџулијано од италијанската Серија Д, каде што изминатава полусезона настапи на 21 натпревар.

Бришки има настапувано за репрезентацијата на Хрватска и тоа за селекциите до 17 и до 19 години.