Вардар и Тиквеш во војна за четвртфинале, бранителот на трофејот на жешко гостување во Битола!
Пресметката меѓу третопласираниот и четвртопласираниот тим на табелата во Првата лига се очекува да понуди голема и неизвесна битка, со оглед на фактот што и двете екипи се наоѓаат во одлична форма и посакуваат пласман во следната фаза. Интересно се очекува да биде и во Битола каде бранителот на трофејот, екипата на Силекс, го очекува исклучително тешко гостување против Пелистер на натпревар кој ќе се одигра под рефлектори со почеток од 16.30 часот. За разлика од нив, прволигашот Струга важи за апсолутен фаворит и не би требало да има поголеми проблеми на домашен терен против струмичка Беласица во обидот да обезбеди сигурен пласман во четвртфиналето.
Денеска нема да играат само Брера и Арсими, меч одложен за 25 ноември, настапот на струмичани во квалификациите за младинската Лига на шампиони, каде што денеска ќе се соочат со германски Хофенхајм.
КУП НА МАКЕДОНИЈА - ОСМИНАФИНАЛЕ
ДЕНЕСКА (13.30 ЧАСОТ)
Скопје – Новаци
Струга – Беласица
Башкими – Шкендија (А)
Вардар – Тиквеш
Работнички – Саса
Македонија ЃП – Брегалница
Пелистер – Силекс (16.30 ч)