Вардар го поправи впечатокот од мечот со Динамо, одигра реми против Свонси!

За разлика од дуелот против Динамо Загреб во кој изгледаше немоќно, Вардар се покажа во значително подобро издание против Свонси на пријателскиот меч кој се играше во Австрија, дуелот заврши 1-1.

Вардар имаше водство по првото полувреме, голот го даде Дианеси во 21. минута од натпреварот.

Тој резултат беше актуелен до 62. минута кога Сонси изедначи на 1-1- преку Франко, тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.

Ова беше прво реми во подготовките на Вардар, откако претходно ги победија Мура и Чарда Мартјанци, а загубија од Бистрица и Динамо Загреб.

По денешниот дуел, експедицијата на Вардар се враќа во Скопје. Во понеделник ќе го дознае и распоредот за новата сезона во домашното првенство, за тогаш е закажана ждрепката.