Тетекс до ФФМ: Што фајде од извинувања и анализи, кога (не)намерно ни земавте пет бода!

Еден од најголемите македонски фудбалски брендови, Тетекс од Тетово е веројатно најоштетениот клуб во Македонија, откако почна вториот дел од сезоната во која „штофарите“ грчевито се обидуваат да опстанат, ама судиските сопки ги спречија засега да излезат од опасната зона.

Тетекс беше ограбен со Караорман со признаен гол за стружани од офсајд, за кој после препукувања со судиската организација, добија извинување. Против Каменица Саса, пак, реагираа сега за поништен гол, па добија „морална утеха“ дека биле во право дека судиите згрешиле. Реагираа и за дербито на дното со Борец за два недосудени пенали... И наместо досега Тетекс да беше во покомфорна зона, тетовци допрва ги чека пеколна битка за да останат второлигаши.

Па, сите анализи и извинувања од ФФМ – мало фајде за некогашниот куп-освојувач.

„Во име на Ф.К.Тетекс и во мое лично име се прашувам дали грешките на судиите се случајни или намерни?!

Драстично сме оштетени на наптреварите со Ф.К.Борец каде што не беа досудени 2 очигледни пенали во наша корист . На наптреварот со Ф.К. Караорман , не беше досуден офсајд и притоа примивме гол, кој беше признаен , до последниот натпревар кој го игравме со Ф.К. Саса –Каменица каде што ни беше поништен чист регуларен гол.

Цел живот сум во спортот и до сега ми се нема случено да во СЕРИЈА БИДЕМЕ ДРАКОНСКИ ОШТЕТЕНИ , а со тоа е нанесена огромна неправда на Ф.К. Тетекс , односно, клубот е оштетен за 5 бода кои ни се и те како потребни за опстанок на клубот во втората македонска лига.

Доколку повеќе што во натпреварот со Саса кој се директен конкурент во борбата за опстанок, одземени ни се 2 бода кои вредат како 4.

За жал за цело време нашите фудбалери и стручниот штаб максимално тренираат , се борат на секој натпревар , даваат се од себе, да чесно победат и изборат опстанок на Ф.К. Тетекс во втората лига, а некој така лесно со една судиска одлука, целиот труд да го девалвира.

Да не зборуваме за жртвувањето на целата управа кои даваат пари од сопствен џеб и трчаат и молат спонзори како би ги покриле сите трошоци за успешна работа на Ф.К. Тетекс .

Влегов во Тетекс со најчиста намера да му помогнам на клубот што е фудбалска икона на град Тетово и сметав дека Фудбалската федерација на Македонија-судската организација при ФФМ се професионалци и чесни во права смисла на зборот, меѓутоа од нивна страна буквално Ф.К.Тетекс е оштетен до крајни граници.

За нас секој бод ко злато е вреден , а ние сме оштетени за ограомни 5 бодови. Со овие 5 бода ние ќе бевме на сигурна позиција за опстанок во лигата.

И со право сите ние во Ф.К.Тетекс се прашуваме што со извинувањата од судиската организација“, се вели во реакцијата на потпретседателот на тетовци, Ивица Хаџииљоски -Чајка