Ставрев на центарот во Ѓорче, Маркоски ќе „свири“ под Шара

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе ја дели правдата на саботното дерби во Ѓорче Петров помеѓу Македонија ЃП и Вардар во десетото коло од Првата лига, кое стартува утре од 14.30 часот со дуелот во Тетово помеѓу освојувачите на трофеи од минатата сезона, Шкендија и Академија Пандев.

Вардар прв и последен пат во новата сезона загуби на стартот на сезоната токму од „лавовите„ (0-2) и оттогаш е во серија од десет меча без пораз сосе два во Купот на Македонија, па дуелот на „лавовите“ и црвено-црните практично е дерби на колото, кое му е доделено на најдобриот судија во земјава.

Марјан Маркоски ќе ја дели правдата под Шара во „суперкуп“ пресметката на првакот Шкендија со освојувачот на Купот, Академија Пандев, меч кој за тетовци е многу важен, но и дебитантски за новиот тренер Ернест Ѓока, под чија палка сега шампионот се надева дека ќе влезе во победнички ритам после ужанскиот првк круг од мечеви во сезонава. Академија Пандев на стартот на сезоната ја победи Шкендија, па тетовци сега ќе бараат одмазда за тој пораз.

Во другите три меча, кои се во сенка на овие два, на Националната Арена „Тодор Проески“ гостува Струга Трим Лум кај Работнички, а Јосип Бартон ќе ја дели правдата. Во Велес, Борец е домаќин на Шкупи и Јован Качевски е делегиран за главен арбитар, а во Кратово Силекс ја пречекува Ренова со арбитража на Васко Мавров.

ПРВА ЛИГА, 10. КОЛО (14.30 ЧАСОТ)

УТРЕ

ТЕТОВО: Шкендија – А. Пандев (Марјан Маркоски)

САБОТА

КРАТОВО: Силекс – Ренова (Васко Мавров)

ВЕЛЕС: Борец – Шкупи (Јован Качевски)

АРЕНА: Работнички – Струга Трим Лум (Јосип Бартон)

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Македонија ЃП – Вардар (Александар Ставрев)