Србинот Круљ ќе ја води Брера и во новата сезона

Младиот српски стручњак Бојан Круљ го продолжи договорот Брера на уште една година и претстојната сезона ќе го води струмичкиот прволигаш.

Тој беше назначен за шеф на стручниот штаб на Брера во декември 2023 година кога го замени Џовани Валенти, во ситуација кога екишата се наоѓаше на осмата позиција на табелата, со само три бода повеќе од тогаш последнопласираниот Вардар. Во вториот дел од пдврнестовот, Круљ успеа резултатски да го стабилизира тимот и да обезбеди опстанок во Првата лига што беше доволно, раководството на клубот да му ја даде довербата и за претстојната сезона во која амбициите ќе бидат многу повисоки.

Со 35 години, Круљ е еден од најмладите тренери во Првата македонска фудбалска лига, а претходно работел во белградски Вождовац, Синѓелич, ИМТ, Рудар од Приједор. Од неодамна, негов помошник е  Милош Поповиќ од Србија кој има работено во сите категориии на Бродарац во Србија.